Поплави и се закануваат на Јужна Европа
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 2 септември 2014

Областа на низок притисок што ја зафати речиси цела северна Италија во понеделникот условувајќи поројни врнежи од дожд и грмотевици, се движи на југ, каде што ќе се задржи во вторник и среда. Бурата ќе го зголеми ризикот од поплави од источна Италија до Балканот, Грција и Бугарија.

 

 

Во текот на ноќта, обилни врнежи имаше во источна Италија, јужна Хрватска, западна Босна и во  Албанија. Во некои места ќе наврнало и над 50 литри дожд, што ќе доведе до поплави, особено во областите кои се сиромашни со одводнување.

 

Во вторник и среда, системот ќе се движи од источна Италија кон Бугарија. Дневно понекаде се очекуваат обилни врнежи од дожд кои би можеле да условат поплави во области на Балканот и во Грција. Локално би можело да наврне и преку 75 литри дожд. Поради обилните дождови е можно и лизгање на земјиштето.


Најмногу врнежи се очекува во источна Грција, Бугарија и крајна северозападна Турција.


Системот се очекува да ослабне во четврток, но и понатаму се очекуваат локални врнежи од дожд, кои би можеле да доведат до изолирани поплави.