Времето денес (21.07.2016) - Сончево и топло, пред нас е тропски викенд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 21 јули 2016

Денес е четврток, 21 јули 2016 година, 203-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:12, а ќе зајде во 20:05 часот. Денот ќе трае 14 часа и 53 минути.

 

И ова утро во Македонија имаме сончево и посвежо време. Само во регионот помеѓу градовите Скопје-Велес-Куманово имаме појава на локална облачност која во наредните часови ќе се намали.

 

 

МАКЕДОНИЈА - Продолжуваат свежите утра во Македонија. Така e и ова утро кога утринските температури се движат во интервал од 9 до 19 степени. Во текот на денот ќе имаме претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој кон крајот на денот ќе слабее. Максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна температура до 31 степен. УВ индекс 7.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок уште едно свежо утро со температури од 9 до 19 степени. Во текот на денот сончево и топло со дневни температури од 26 до 37 степени. Во деновите од викендот тропски денови, ќе биде сончево и многу топло со пораст на температурите. Во сабота максималните температури ќе се движат од 29 до 39 степени, додека пак во недела од 30 до 40 степени. Во понеделник промена на временската состојба, дестабилизација со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе се движат од 25 до 35 степени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk