Времето денес 17.08.2016 - Претежно сончево со локална облачност. Во петок дожд
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 17 август 2016

Денес е среда, 17 август 2016 година, 230-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:39, а ќе зајде во 19:33 часот. Денот ќе трае 13 часа и 33 минути.

 

Ова утро појава на локална облачност имаме во северозападните и централните предели која се проширува и кон север и кон исток. Во крајните североисточни како и јужните, југозападните и западните предели преовладува претежно сончево време.

 

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, а во попладневните часови зголемување на облачноста, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина до 15 км/ч. Утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индекс 8.

 

СКОПЈЕВо Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне и навечер во Охридско-Струшкиот, како и во Тетовско-Гостиварскиот регион со услови за сосема слаб дожд. Максималните температури од 27 до 37 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер во северозападните, северните, североисточните и источните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд.Дневните температури од 27 до 37 степени. Во сабота и недела стабилно време. Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло со температури од 28 до 38 степени. Идентични температури не очекуваат и во недела кога ќе имаме сончево и топло време.