Првото затемнување на Сонцето годинава ќе биде забележано вечерва, но нема да биде целосно, затоа што „покривањето“ на Месечината на Сонцето нема да биде целосно, така што ќе бидат видливи светлите сончеви „рабови” што го опкружуваат темниот диск на Месечината.

Ова е едно од ретките затемнувања на Сонцето кое ќе биде видливо во делови на Кина и Јапонија, како и на западниот брег на САД. Жителите на рускиот далечен исток, исто така, ќе може само кусо да го набљудуваат делумното затемнување, при што Месечината ќе затвори само дел од сончевиот диск.
Во моментов Месечината е речиси на максимална оддалеченост од Земјата – околу 406 илјади километри, а Сонцето малку поблиску. Месечината вечерва ќе „затвори” 94,39 отсто од сончевиот диск. Така, силната сончева светлина нема да дозволи денот да се претвори во ноќ, и на небото нема да се појават ѕвездите, а сончевата круна нема да биде видлива.
Научниците потсетуваат дека дури и во овој момент, опасно е без заштита за очите да се погледне во Сонцето.
За време на прстенесто затемнување може да се забележи и необична појава, сите мали дупки низ кои ќе се пробие сончевата светлина, во сенката ќе бидат видливи во форма на прстени.
Полузамрачената фаза на затемнување ќе почне вечерва во 22,56 часот, а првиот прстен на Сонцето може да се види од Земјата шест минути по полноќ.
Извор МКД