Видео - Земјотрес од 5,9 степени во Италија
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 20 мај 2012
Најмалку три лица загинаа во силниот земјотрес кој рано утрово ја погоди северна Италија. Земјотресот се случи во 04:00 часот и бил со интензитет од 5,9 според Рихтер.

Епицентарот бил во близина на Модена, но потресите биле почувствувани и во околните области.Еден човек, кој бил на ноќна смена, загинал при уривањето нафабриката во која работел, а уште две лица загинале при уривањето назграда.