Загинале планинари на Монт Еверест
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 21 мај 2012
Тројца планинари загинале кога се враќале од искачувањето на Монт Еверест, соопштуваат непалските новински агенции.

Тројцата загинати се Севернокореец, Германец и Канаѓанка родена во Непал, пренесува Би-би-си.

Временските услови биле одлични во петокот и саботата наутро, но подоцна во саботата следувала бура со силен ветар, која била фатална за планинарите.

Тројцата планинари загинале на Балконот, предел во близина на највисокиот врв од 8.848 метри. Уште двајца планинари се водат како исчезнати по бурата.