Утре сончево и топло, од понеделник поврторно нестабилно со дожд
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 19 мај 2012
Во Македонија во недела ке биде претежно сончево и топло. Ке дува слаб северозападен ветар. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни ке бидат во пораст и ке се движат од 18°C до 30°C.

Во Скопје  во недела ке биде претежно сончево и потопло. Слаб  северозападен ветар. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна ке достигне до 27°C.

Во понеделник претпладне ке биде умерено облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Само во југоисточните предели и попладне ке биде умерено облачно. Ке дува доумерен засилен југоисточен ветар. Утринските температури од 5°C до 14°C, а максималните дневни ке достигнат до 17°C односно до 28°C.

Во  вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ке се движат од 16°C до 27°C.

Во среда умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд ке биде во северозападните, западните и југозападните предели, а во останатите предели ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ке дува доумерен слаб променлив ветар. Утринсите температури ке се движат од 4°C до 13°C, а максималните дневни ке достигнат до 15°C односно до 27°C.