Вечер ни доаѓаат поројни врнежи
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 17 април 2012
Под влијание на низок воздушен притисок, Македонија ке биде зафатена од нестабилна и влажна воздушна маса која во текот на ноќта и утре (среда) во утринските и претпладневните часови ке донесат обилни врнежи од дожд и засилен северозападен ветар.



Во Македонија во среда ке биде облачно со врнежи од дожд  и посвежо. Пообилни врнежи се очекуваат во утринските и во претпладневните часови. Ке дува доумерен северозападен ветар. Утринските  температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 8°C до 17°C.

Во Скопје во среда ке биде облачно со врнежи од дожд. Ке дува доумерен северозападен ветар. Утринската температура од  9°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.