Видео-Ветар подигна шатор со 200 луѓе
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 29 април 2012
Во Сент Луис, Мисури, силен ветер урнал шатор во кој имало околу 200 луѓе, при што загинало едно лице, а полесно се повредени стотина. Во тој момент, насобраните ја прославувале победата на локален безбол тим. 17 од повредените, се задржани во болница.

Според очевидци, невремето започнало наеднаш: ветерот го кренал шаторот, спуштајќи го неколку метри подалеку, до околниот железнички мост.

Од почетокот до крајот, од моментот кога луѓето танцуваа и прославуваа па се до комплетниот хаос, мислам дека не поминаа 5 секунди. Остатоци летаа насекаде: маси, столици, делови од шаторот откорнати од земја, изјави арт рендал, сопственик на бар.

Сопствениците на барот соопштија дека имале дозвола за поставување на шаторот, која меѓу другото, содржи и гаранции-дека тој може да издржи налет на силни ветришта.