Видео:Вулканот Попокатепетл повторно активен
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 18 април 2012
Мексиканските власти го зголемија нивото на тревога за вулканот Попокатепетел, во близина на главниот град на Мексико, откако тој започна да исфрла вжештени камења.



Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико ослободува голема количина на пареа и пепел, заради што локалните училишта ја откажале наставата, а тимовите за вонредни состојби се подготвуваат за можна евакуација.

Вулканскиот отвор на Попокатепетл започна да се шири во петокот. Таквата промена во активноста на вулканот, кој се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од главниот град, може да предизвика големи експлозии, кои исфрлаат остатоци на голема далечина, како и дожд од пепел.

Нивото на опасност е зголемено од втор жолт степен на трет жолт степен, на седумстепена скала, што значи дека постои опасност од исфрлање на лава и експлозии со зголемувачки интензитет.

Од почетокот на годината се следи зголемувањето на активноста на Попокатепетел. Во изминатите години вулканот периодично исфрлаше чад и пепел, а во 2000 година имаше голема ерупција, поради што беа евакуирани околу 50.000 луѓе.