Временска прогноза 02.05.2012 (среда)
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 1 мај 2012
На Балканот во среда ќе биде сончево и многу топло. Попладне во ридско-планинските предели на западен и јужен Балкан ке биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.



Во Македонија ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во југозападните, западните и северозападните предели развој на нестабилна облачност која ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 7°C до 16°C, а максималните  дневни температури ќе се движат од 21°C до 32°C.

Во Скопје во среда претпладне ќе биде сончево и топло, попладне мало наоблачување. Слаб ветар. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 30°C.

Во четврток во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб променлив ветар. Утринската температура од 8°C до 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 17°C односно до 28°C.