Времето денес - Претежно сончево, попладне нестабилно со дожд
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 11 април 2012
Во Македонија денес претпладне ке биде претежно сончево со мала локална облачност, попладне наоблачување кое во вечерните часови ке донесе врнежи од дожд само во крајните западните предели. Во останатите предели попладне умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ке дува доумерен слаб југоисточен а во западните предели југозападен ветар. Утринските температури од -3°C до 5°C, а максималната дневна температура ке достигне до 12°C односно до 21°C



Во Скопје претпладне ке биде претежно сончево, попладне наоблачување и нестабилно со можност за слаб локален дожд кон крајот на денот. Ке дува доумерен слаб југоисточен ветар. Утринската температура до 1°C,а максималната дневна температура ке достигне до 18°C.

Во четврток претпладне ке биде претежно сончево со мала локална облачност, попладне наоблачување и нестабилно со локални врнежи од дожд.Ке дува доумерен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 19°C.

Во петок во поголем дел од денот ке биде претежно сончево со локална облачност и  потопло. Во доцните попладневни часови потполно наоблачување кое во вечерните часови и во текот на ноќта ке донесе врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни ке достигнат до 14°C односно до 23°C.

Во сабота и недела ке биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен и југозападен ветар. Утринската температура од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 18°C