Времето денес - Умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 15 април 2012
Во Македонија во недела претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доимерен засилен јужен и југозападен ветар кој понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималната дневна температура ке се движи од 13°C до 20°C.



Во Скопје ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен јужен ветар. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ке достигне до 17°C.

Во понеделник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ке дува доумерен засилен југоисточен, а во западните предели ке дува доумерен засилен јужен и југозападен ветар. Утринските температури од 3°C до 10°C, а максималните дневни ке се движат од 11°C до 18°C.

Во Македонија во вторник ке биде облачно со врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни ке достигнат до 11°C односно до 18°C.