Времето утре - Претежно сончево, попладне зголемување на облачноста
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 22 април 2012
Во понеделник на Балканскиот полуостров ке биде претежно ведро, а во северните и западните предели умерено облачно. Попладне и во вечерните часови облачниот систем од Апенинскиот полуостров ке ги зафати централните и јужните предели на Балканот.



Во Македонија ке биде претежно сончево со мала локална облачност и топло. Можност за слаб локален дожд ке има во северозападните предели. Во доцните попладневни часови и во текот на ноќта зголемување на облачноста. Ке дува доумерен југоисточен а во западните предели доумерен југозападен ветар. Утринските температури од 3°C до 10°C, а максималната дневна температура ке се движи од 14°C до 27°C. 

Во Скопје во понеделник ке биде претежно сончево и топло. Ке дува доумерен југоисточен  ветар. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура ке достигне до 24°C.

Во вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со можност за локални врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 5°C до 12°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 16°C до 28°C.

Во среда сончево и топло. Ке дува слаб југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 19°C до 29°C.