Габи кои можат да живеат на пластика
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 29 април 2012
Денес не треба да се потсетуваме дека се гушиме во пластика и смет. Но сепак има надеж. Во ново истражување во Амазонската прашума спроведено од студенти и професори на универзитетот “Yale” откриена е габа која може да разложи и искористи пластика.



Во истражувањето биле изолирани повеќе активни организми меѓу кои и  Pestalotiopsis microspora. Организмите при анаеробни услови, имале способност економично да го деградираат и искористат Полиуретанот (вид пластика), како единствен извор на јаглерод. Полиуретанот е голем загадувач на околината и ова откритие претставува можно решение за овој проблем.

Тимот од ”Yale”  резултатите од ова истражување ги има објавено во научно списание и доколку сакате да ги погледнете кликнете тука