Денот на планетата Земја
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 22 април 2012
Во целиот свет денеска се одбележува Денот на планетата Земја.  Со разни акции многу здруженија и организации ќе се обидат уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина. Многумина тоа го сторија и вчера. Денот на планетата змја за првпат е одбележан уште во 1969 година во Сан Франциско.



Време е да се потсетиме за тоа дека само малку можеме да сториме за животната средина која не опкружува. Рециклирањето ја намалува потрошувачката на енергија и суровините, како и загадувањето на животната средина.

Може да се рециклираат речиси сите видови на хартија, пластика, стакло, па дури и остатоци од некои прехранбени производи. Пластичните шишиња исто така може да се рециклираат во многу други производи од пластични маси.

Стаклените шишиња, со некои исклучоци, може да биде искористена за зелени кертриџи.  Остатоците од храна, кората и лушпи од овошје и зеленчукот одат во поцрнетите садови или кеси за компост, ако имаме такви достапни контејнери близу местото каде што живееме.

Доколку во дворот имате непотребни електронски апарати, метали и слично отстранете ги. Еднократните пластични кеси може да се заменат со платнени кеси за рециклирање. Само една платнена торба може да замени и до 1000 пластични ќеси. Зачувајте ја животната средина со користење на производите што навистина ви се потребни!

Во Македонија акцијата на глобално чистење на околината  почна уште вчера, а продолжува и денеска.  Вчера амбасадори, политичари и волонтери ги засукаа ракавите си собираа отпад за да укажат на потребата од поголема еколошка освестеност.

Денеска во организација на невладините организации Уметност на живеење, СУНА и Арт Лајф, во соработка со Зоолошката градина од Скопје ќе се одржи централниот настан по повод  денот, токму во Зоолошката градина со почеток во 12 часот. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина. На настанот ќе се обратат стручни лица од Министерство за екологија и животна средина, професори од основни училишта, а ќе се зборува на еко тема “Чување и заштита на животната средина”. Загадувањето во светот зазема се поголем замав.

Сведоци сме на низа природни катастрофи кои се случуваат и тоа: глобално затоплување, зголемување на обемот на озонската дупка, промена на климата и уште многу други пореметувања кои се јавуваат како резултат на се поголемото загадување на воздухот и животната средина. Како резултат на ова пак, се повеќе се зголемува бројот на заболени лица од најразлични болести, изумирање на одредени видови на растенија и животни, порачуваат организаторите според кои најголем и единствен виновник за ваква еколошка катастрофа која и се случува на планетата Земја е човекот. Можеме да делуваме на будење на свеста кај луѓето за заштита на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот.

Сакајте ја и чувајте ја животната средина и околина.

Извор МУГ