Зошто еден од најмоќните земјотреси досега не предизвика цунами
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 14 април 2012
Земјотресот кој пред неколку денови ја погоди Индонезија сепак не предизвика цунами. Сеизмологот Wayne Peck објасни зашто тоа е така.



Сизмологот Wayne Peck од сеизмолошкиот истражувачки центар во Мелбурн изјави дека земјотресот кој во средата ја погоди Индонезија е предизвикан од хоризонтално поместување на плочите.

Разорниот земјотрес од 2004 година кој предизвика цунами, бил предизвикан од вертикално поместување на тектонските плочи.

Да потсетиме дека покраината Ацех во Индонзија беше погодена од земјотрес со јачина од 8.9 степени според Рихтеровата скала со епицентар во морето. Епицентарот беше на длабочина од 33 метри, и 495 километри југозападно од крајбрежјето на Суматра.