Утре до 32 степени, од среда освежување со дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 30 април 2012
Во Македонија денес сончево и многу топло, со максимални дневни температури од 22°C до 32°C. Еве ги температурите измерени во 14:00 часот во некои градови.

Скопје 29°C, Гевгелија 31°C, Д.Капија 29°C, Берово 25°C, К.Паланка 27°C, Штип 28°C, Охрид 21°C, Прилеп 26°C, Битола 26°C, Лазарополе 22°C, Струмица 29°C, Кочани 27°C, Тетово 27°C.


На Балканскиот полуостров во вторник ќе биде сончево и многу топло. Попладне во ридско-планинските предели на централен Балкан умерено облачно со локални врнежи од дожд.

Во Македонија во вторник ќе биде сончево и многу топло. Слаб променлив ветар. Утринската температура од 5°C до 14°C, а максималната дневна температура ке се движи 23°C до 32°C. Вредноста на Ув индексот ќе биде 6

Во Скопје во вторник сончево и многу толо. Слаб ветар. Утринската температура до 10°C, а максималната дневна ке достигне до 30°C. Вредноста на Ув индексот ке биде 6

Во среда во поголем дел од Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во западните, југозападните и северозападните предели ќе има развој на нестабилна облачност која ке услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Во останатите предели ке биде претежно сончево. Ке дува слаб променлив ветар. Утринските температури од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ке се движат од 22°C до 31°C. Вредноста на ув индексот ќе изнесува 5.

Во четврток и петок под влијание на низок воздушен притисок во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ке дува доумерен променлив ветар. Утринските температури од 7°C од 16°C, а максималните дневни ке се движат од 19°C до 28°C. Вредноста на ув индексот ќе изнесува 4.