Во ЕУ стапи на сила забрана за продавање на лековити билки
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 18 мај 2012
Удар на алтернативна медицина и концесии на  фармацевтските компании кои  вложуваат милиони во синтетички лекови.

Производителите на лековити билки, витамини, минерали, додатоци во исхраната, традиционални природни лекови, претежно сите средства на алтернативната медицина и природни лекувања, мора да обезбедат сертификат кој ќе треба да биде видливо истакнат на амбалажата.

За да се добие сертификат ќе треба да поминат неколку години за контрола и научни истражувања. Истражувањето за секој производ поединечно иснесува  околу 100 000 евра.

Законот за храна, или таканаречената Директивата 2004/24/EC е потпишан е од страна на 120 држави во светот.

Кога една држава ке стане потписник на оваа директива, се донесува одлука по итна постапка за забрана на продавање без сертификат. Ова ќе биде катастрофално за малите прозиводители на билни препарати, кои не би можеле да плаќаат истражување за да добијат сертификат.

"Ова е удар за  алтернативна медицина и концесии за фармацевтските компании кои инвестираат милиони во синтетички лекови."