Временска прогноза 12.04.2012 (четврток)
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 12 април 2012
Во Македонија во четврток претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ке дува доумерен југоисточен, а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринската температура од 2°C до 8°C, а максималната дневна ке се движи од 14°C до 22°C.



Во Скопје ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево. Ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна ке достигне до 19°C.

Во петок претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне наоблачување кое ке донесе врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 22°C.

Во сабота во Македонија ке биде облачно со пообилни врнежи од дожд и посвежо. Ке дува доумерен југоисточен, а во западните доумерен југозападен ветар. Утринските температури ке бидат во пораст и ке се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни ке опаднат и ке се движат од 12°C до 20°C.