Во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ во зимската сезона 2011/2012 забележано е рекордно количество на снежни врнежи. Метеоролошките податоци се запишуваат од 1915 година.
Во саботата наврнаа дополнителни 10.9 цм снег, со што вкупната количина на снег која паднала оваа сезона се искачи на 341.6 цм.Досегашниот рекорд изнесуваше 336.8 цм снег кои наврнаа во зимата 1954/1955. Просечното количество на снег по сезона изнесува 189.2 цм.

Првиот снег во оваа зимска сезона падна на 30 октомври, кога наврнаа 2.8 цм снег. После тоа следуваше ноември со вкупно 82.3 цм снег, што преставува трет најснежен ноември. Декември по вкупното количество на снег се најде на седмото место, јануари беше шестиот најснежен јануари од кога се запишуваат податоците, додека пак февруари беше четвртиот најснежен. Месец март со наврнати 24 цм снег ја заврши сезоната во рамките на годишниот просек.
Видео- запознајте го Енкориџ