Како човекот предизвикува невреме, поплави и суши
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 14 април 2012
Загадувањето на воздухот не се рефлектира само во магловитите хоризонти, исто така може да предизвика суши, поплави дури и урагани, според најновите истражувања. Според една студија објавена во научниот часопис Nature, човековите активности веќе предизвикуваат климатски промени во големи размери.



Резултатите од климатските компјутерски симулации покажуваат дека загадувањето предизвикува промена на температурата во Атланскиот океан, а пак тoa предизвикува да започнуваат олујни активности, тврдат експерти на британскиот метеоролошки сервис Met Office. Во помала мера исти појави резултираат и вулкански активности.

Моделот кој симулира физички процеси во Земјината атмосфера успешно репродуцира ладно-топли варијации. Покрај тоа, симулацијата покажала дека постои јасна поврзаност помеѓу температурните промени и флуктуации во загадувањето на воздухот од соседните држави. Од резултатите произлегува дека индустриските аеросоли и вулканските активности (во помала мера) се одговорни за околу 75% од варијациите на површинската температура на океаните.

Истражувачите признаваат дека нивните резултати треба да се потврдат со некои понатамошни истражувања, бидејки досега нивната основа се темели само на еден климатски модел, меѓутоа ако се точни дефинициите за "природни катастрофи" секако дека ке треба да се редефинираат. Ако е тоа вистина, дека бројните природни катастрофи се поврзани со овие флуктуации, појавата на долготрајните африкански суши од 70-ите и 80-ите години можеби и не се природни – изјавил Booth (Nature).