Научниците предупредиле дека доколку итно не забави експлоатацијата на природните ресурси и не се зголеми употребата на алтернативните извори, човештвото до 2030 година ќе доживее вистински Армагедон, а глобалниот економски колапс, невработеност и глад ќе започнат некаде во 2015 година.

Овие резултати од новата студија ја најавиле експерти од Универзитетот Масачусетс пред 40 години во својата книга “Граници на растот“ на австралискиот физичар Грахам Турнер.
Научниците од Америка со помош на различни модели го составиле извештајот за потребите на меѓународниот таканаречен “Римски клуб“. Моделите со кои се предвидуваат различни можни сценарија за иднината се темелат на повеќе варијабли меѓу кои посебно се истакнуваат: достапните ресурси, нивото на земјоделски активности како и контрола на заработката и заштита на околината.
“Само со драстични мерки за заштита на околината кои докажано може да го променат однесувањето на целиот систем и единствено под влијание на тие околности, може да се предвиде сценариото во кое и светската популација и богатството ќе останат на постојано ниво.
Доколку и понатаму се трошат големи количини од ресурсите кои не може да се надокнадат и не се направат обиди да се направат одредени прилагодувања во начинот на кој се исцрпува еко системот на Земјата низ индустријализација, ќе следи глад и галопирачко намалување на бројот на населението.
Според моделот кој е претставен во новиот број на магазинот Смитсониан, колапсот на светскиот економски систем, индустриското производство на храна, добра и услуги ќе започне во 2015 година. Кога стапката на смртност ќе ја помине стапката на раѓање околу 2030 година, ќе следи и нагло намалување на светската популација.
Најновите анализи во голема мера се потпираат на најавите на Турнер. На почетокот на 70-тите години кога австралискиот физичар ги спроведувал своите истражувања, бројот на жители на Земјата бил малку помал од половина од сегашниот број.
И покрај тоа што развојот во индустријата, медицината и технологијата овозможи полесно управување со светот во наредните три децении, падот кој го предвидел Турнер се приближува со вистинските трендови и движења во светот.
“Овде ѕвони јасно ѕвонче на предупредување“, напишал пред 40 години Турнер.