Најтопол март во историјата на САД
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 10 април 2012
Март 2012 година беше најтопол месец во САД откако се спроведуваат мерења на температурата на воздухот во оваа земја, соопштија метереолозите од американската Национална администрација за океани и атмосфера.

Според оваа Администрација, просечната температура во САД минатиот месец изнесувала 10,6 степени Целзиусови, со што е урнат досегашниот рекорд од 1910 година.



Метереолозите посочуваат дека температурата не била повисока од просечните само во текот на март, туку дека ваквиот тренд се бележи од почетокот на годината, при што просечната температура во првиот квартал од 2102 година изнесувала 5,5 степени што претставува невообичаено топло време. Иако топлото време ги радува Американците, метереолозите изразуваат загриженост поради ваквите трендови.

Ова е многу чудно и не е добро. Сите ние го имаме тоа непријатно чувство. Тоа е она чувство на задоволство, иако знате дека не е добро затоа што е така, смета експертот за климатски промени од Националниот центар за истражување на атмосферата од американската сојузна држава Колорадо, Џери Мил.

Сличен став има и експертот на Националниот центар од Северна Каролина, Џејк Коуч, кој смета дека постојат повеќе фактори кои влијаеле на растот на просечните температури, вклучувајќи го тука и климатскиот феномен „Ла Ниња“.

Коуч вели дека како последица на глобалното затоплување во следните години се почесто ќе се јавуваат невообичаени температури, посочувајќи дека оваа зима беше топла само во Северна Америка, додека Европа беше погодена од екстремен студ.

Извор: плусинфо