Хидролошката
состојба со природните езера и вештачките акумулации е битно подобрена.
Нивото на водата во Охридско Езеро во моментов е за 31 сантиметар над
минималната кота, за разлика од почетокот од годинава кога беше речиси
на критичната точка.

По десеттина врнежливи денови и топењето на снегот на високите планини состојбата полека се подобрува. Од почетокот на април досега нивото е подигнато за 12 сантиметри.
Хидрометеоролозите велат дека засега нивото на водата е стабилно и натаму ќе се зголемува, особено со најавеното покачување на температурите и постепеното топење на снегот. На испустот на Охридското Езеро кај Струга во моментов се отворени пет порти.