Последниот гребен
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 23 април 2012
Нов документарец го врти вниманието на истребувањето на коралните еко-системи.



Документарецот „Последниот гребен: градови во морето“ ја прикажува драмата на секојдневниот живот во коралните еко-системи ширум светот.  Авторите Лук Кресвел и Стив Мекниколас не сакале само да направат филм со убави прикази, туку и таков што ја буди совеста.

„Ако сакате да заштитите нешто, првин треба да го цените“, коментира Кресвел.

„Сакавме да го покажеме опсегот и разноликоста на животот во коралните гребени и како сите форми на живот се меѓусебно поврзани.  Губењето на само една ќе предизвика домино-ефект во целиот еко-систем“, предупредува Мекниколас.

Директорот на Програмата за конзервација на коралните гребени при Националната управа за океани и атмосферски услови Џон Кристенсен укажува на три опасности кои умираат коралите:  загревањето на океанските води како резултат на климатските промени, се` поголемата киселост на оканите, што е централна тема на филмот, и загадувањето што доаѓа од копното.

Тие фактори веќе уништиле речиси 20% од коралните гребени во светот.  До 2030-та ќе уништат уште 20%, предвидува Кристенсен.

Мекниколас и Кресвел се надеваат дека филмот ќе стори нешто повеќе од тоа да информира за ситуацијата.  Документарецот го завршуваат со порака:  „Последниот грбен е сега наша одговорност што не може да ја игнорираме.  Неговата иднина е во наши раце“.

Извор - Глас на америка