Продолжува нестабилното време, дожд и во наредните денови
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 13 април 2012
Во Македонија во сабота ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен југоисточен а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималната дневна температура ке се движи од 12°C до 20°C.



Во Скопје ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен засилен југоисточен  ветар. Утринската температура од  10°C, а максималната дневна температура ке достигне 17°C.

Во недела ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен југоисточен, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар  кој понекаде ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 4°C до 11°C а максималните дневни температури ке се движат од 11°C до 19°C.

Во понеделник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен и јужен ветар. Утринските температури од 1°C до 8°C, а максималната дневна температура ке достигне до 14°C односно до 22°C.