Продолжува сончевото и топло време, исто време и за Првомајските празници
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 26 април 2012
Во Македонија денес преовладуваше претежно сончево, топло но и ветровито понекаде. Максималните дневни температури се движеа од 16°C во Лазарополе до 28°C во Гевгелија.



На Балканот во петок ке биде претежно ведро. Висинското поле на низок притисок ке улови развој на облачност само во Бугарија и на исток од Грција.

Во Македонија  ке биде сончево, топло и ветровито. Ке дува доумерен северозападен и северен, а во западните предели ке дува доумерен североисточен ветар. Утринските температури од 4°C до 12°C, а максималните дневни температури ке се движат од 18°C до 30°C.

Во Скопје во петок ке биде сончево и топло. Ке дува доумерен северозападен ветар. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура ке достигне до 26°C.

Во сабота ке биде сончево и топло. Ке дува доумерен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува доумерен североисточен ветар. Утринските температури 4°C до 12°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 17°C односно до 29°C.

И во недела ке биде сончево и топло. Слаб ветар. Утринските температури од 5°C до 13°C, а максималните дневни ке се движат од 18°C до 30°C.

Сончево и топло ке биде и за првомајските празници. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни ке достигнат до 19°C односно до 31°C.