Силно невреме, проследено со поројни дождови ја погоди Будва, а сообраќајот во овој црногорски град е целосно парализиран. Тешко проодни се главните градски улици, низ тунелот Могрен кон Котор, како и улиците кон Стариот град.

Водата навлегла и во гаражите и подрумите на зградите во неколку населби, а најкритично е во Бечиќи и Рафајловиќи, каде локалниот поток се излил од своето корито и го поплавил булеварот.
Поројниот дожд предизикал и бројни одрони. Според официјалните лица, за 7 часа наврнале 86 литри дожд на квадратен метар.