Како заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт, денеска ќе се одржи националната кампања „Сите во акција за Зелена Македонија - 2012“.

Согласно Акциониот план, втората акција од овој проект се спроведува по повод Денот на планетата Земја и опфаќа чистење на крајбрежјата на природните езера Охридско, Дојранско и Преспанско, што ќе претставува и своевидна подготовка за предстојната туристичка сезона, како и по течението на реките Вардар и Брегалница.
Активностите ќе се одвиваат во општините: Дојран, Ресен, Охрид, Струга, Берово, Штип, Велес, Демир Капија и Гевгелија, а главни носители ќе бидат јавните комунални претпријатија.
Покрај нив, ќе се вклучат и невладините организации, учениците од средните училишта и компанијата „Пакомак“.