Сончев и многу топол 1-ви мај
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 1 мај 2012
На Балканскиот полуостров во вторник ќе биде сончево и многу топло. Попладне во ридско-планинските предели на централен Балкан умерено облачно со локални врнежи од дожд.

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Можност за повремени локални врнежи од дожд во доцните попладневни часови ке има во крајните западни предели(Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, Лазарополе, Маврвово). Слаб променлив ветар. Утринската температура од 5°C до 14°C, а максималната дневна температура ке се движи 23°C до 32°C. Вредноста на Ув индексот ќе биде 6

Во Скопје сончево и многу толо. Слаб ветар. Утринската температура до 10°C, а максималната дневна ке достигне до 30°C. Вредноста на Ув индексот ке биде 6

Во среда во поголем дел од Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во западните, југозападните и северозападните предели ќе има развој на нестабилна облачност која ке услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Во останатите предели ке биде претежно сончево. Ке дува слаб променлив ветар. Утринските температури од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ке се движат од 22°C до 31°C. Вредноста на ув индексот ќе изнесува 5.

Во четврток и петок под влијание на низок воздушен притисок во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ке дува доумерен променлив ветар. Утринските температури од 7°C од 16°C, а максималните дневни ке се движат од 19°C до 28°C. Вредноста на ув индексот ќе изнесува 4.