Срничка - Калинка прва енергетски ефикасна градинка во Македонија
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 20 април 2012
Во Општина Аеродорм денеска ќе биде  промовирана првата енергетски ефикасна градинка во државата Срничка - Калинка.



Реновирањето на градинката е реализирано во рамки на проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ спроведен од  УНДП, а со финансиска поддршка од Австриската агенција за развојна соработка и општина Аеродром.

На  промоцијата  е најавено присуство на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски,  амбасадорот на Австрија  Томас Мајкл Баер и заменик постојан претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.