Утре умерено облачно со сончеви периоди, за викендот дожд
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 11 април 2012
Во Македонија во четврток ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне наоблачување, а можност за повремени локални врнежи од дожд ке има во северозападните предели. Ке дува доумерен југоисточен, а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринската температура од 0°C до 8°C, а максималната дневна ке се движи од 14°C до 22°C.

Во Скопје во четврток ке биде претежно сончево со мала локална облачност. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринската температура од 5°C, а максималната дневна ке достигне до 19°C.



Во петок претпладне ке биде претежно сончево, во попладневните часови наоблачување кое во вечерните часови и во текот на ноќта ке донесе врнежи од дожд. Ке дува доумерен југоисточен а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринските температури од -1°C до 7°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 22°C.

Во сабота во Македонија ке биде облачно со пообилни врнежи од дожд и посвежо. Ке дува доумерен југоисточен, а во западните доумерен југозападен ветар. Утринските температури ке бидат во пораст и ке се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни ке опаднат и ке се движат од 12°C до 20°C.