Сименс се откажува од соларна енергија
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 23 октомври 2012
Германската компанија Сименс (Siemens AG) објави дека планира да се повлече од работата со соларна енергија и своите истажувања од областа со обновливите извори на енергија ке ги  фокусира на ветарот и хидроелектраните.

Во соопштението се наведува дека се во тек преговори со потенцијални купувачи, но не се објавуваат други детали.

Германскиот производител на таков чекор се одлучил со цел да ја зголеми продуктивноста и ефикасноста и дека очекувањата со соларната енергија не се исполнети поради, меѓудругото и високата цена на пазарот.

Во текот на претходната година неколку германски производители на соларна енергија објавија инсолвентност.

Европската унија минатиот месец покрена анти-дампинг истрага за увозот на кинеските соларни панели, бидејки европската индрустрија се пожали дека панелите од Кина доаѓаат со цена која е под пазарната цена.