Натпреварот наречен Apps for Climate којшто го организира Светска Банка се состои во развивање на апликации во кој најголем акцент е ставен на оригиналноста на идејата. Апликациите кои се изработени треба да ги користат отворените податоци на Светска Банка и да помогнат во подигањето на свеста кај луѓето за климатските промени.

Моментално е започнат перид во кој пошироката јавност ги оценува апликациите, така што луѓето од целиот свет имаат можност да се регистрираат и да ги оценат овие апликации со оцена од 1 до 5. Во натпреварот учествуваат голем број интузијасти, студенти и развивачи на софтвер.
Aпликацијата која ја има направено Дарко Божиновски кој е студент на факултетот за информатика на ФОН, се нарекува Climate for Children. Целта на оваа апликација е да се направи прототип на мултимедијални интерактивни презентации и игри кои ќе се користат на интерактивните табли во
училиштата. Овие презентации користат различни групи на отворени податоци така што ќе го направат процесот на учење доста поинтересен за учениците, ќе ја зголемат нивната мотивација, ќе ги запознаат со
последиците од климатските промени и како може тие да придонесат во овој процес.
Според Дарко, со поврзувањето на отворените податоци со новите технологии како интерактивнитете табли, наставниците може навистина да го подобрат целото искуството на учениците и да придонесат за развој и стимулација кај нив преку изготвување на голем број на мултимедијални и интерактивни презентации и игри кои ќе бидат достапни за широката јавност.
Го споделуваме линкот на апликацијата за да може да му дадеме подршка на Дарко да добие поголем број на позитивни оцени, сошто подобро би успеал да ја престави Македонија на овој голем натпревар организиран од Светска Банка. . Ова е линк до апликацијата каде може да се даде оцена со кликање на ѕвездичките, а овде се наоѓа линк од видеото каде можете подобро да се запознаете со апликацијата:
Периодот за гласање трае до 27 април и се базира на рејтингот којшто го има апликацијата. 5 ѕвезди е максималниот ранг што може да го добие една апликација. Сите што сакаат да гласаат најпрвин треба да се регистрираат со нивните основни податоци и потоа можат да ги оценуваат сите апликации.
Извор - факултети