Биодизелот загадува повеќе од очекуваното
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 23 април 2012
Истражување на холандски научници на различните видови биогориво покажува дека биодизелот ја загадува животната околина многу повеќе од очекуваното, објави весникот „Морхен“.



Весникот се повикува на податоци објавени од меѓународната еколошка организација „Гринпис“, за чии потреби е направено истражувањето.

Научниците за прв пат докажаа дека фосилните горива и штетат помалку на природата, доколку се земат во предвид повеќе фактори при производството на биогориво, како што се количеството издувни гасови при нивното производство, површините со обработливо земјиште засадени со култури од кои се добива, како и дополнително додадените хемикалии при нивното производство.

Истражувањето покажува дека најчисти за природата се метанолот, произведен врз основа на глицерин и биоетанолот, добиен од дрвен отпад.

Електричните мотори се наоѓаат на третото место на листата на еколошки средства за транспорт и тоа со случај, кога користат енергија добиена на „зелен“ начин.