Зелени облаци вчера надвиснаа над Москва и предизвикаа вознемиреност кај жителите на овој град. Облаците дошле од југ, а руската метеоролошка служба и службата за вонредни состојби се обидоа да ги смират исплашените московјани.

Зелена прашина ги прекри автомобилите и улиците. По повици на испаничени граѓани, службата за вонредни состојби издаде соопштение во кое стои дека не станува збор за инвазија на “мали зелени”, туку за полен од дрвјата.
“Многу жители изгледа заборавиле како изгледаат природни феномени”, изјавија властите на Подолск, индустриски град јужно од Москва, каде исто така е забележана оваа необична појава.
“Наглиот пораст на температурите предизвика цветање на неколку видови на дрвја, што доведе до појава на жолто – зелен полен кој ги прекри тротоарите, прозорците и автомобилите”, се наведува во соопштението на службата за вонредни состојби и се додава дека поленот претставува опасност за луѓето кои патат од алергии и астма, а за сите останати е само “сезонска непријатност”.,