Видео: Временска прогноза за 18.04.2012
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 17 април 2012
Под влијание на низок воздушен притисок, Македонија ке биде зафатена од нестабилна и влажна воздушна маса која во текот на ноќта и утре (среда) во утринските и претпладневните часови ке донесат обилни врнежи од дожд и засилен северозападен ветар.



Во Македонија во среда ке биде облачно со врнежи од дожд  и посвежо.Пообилни врнежи се очекуваат во утринските и во претпладневните часови. Во доцните попладневни часови врнежите постепено ке престануваат, а во текот на ноќта разведрување. Ке дува доумерен северозападен ветар. Утринските  температури од 4°C до13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 8°C до 17°C.

Во Скопје во среда ке биде облачно со врнежи од дожд. Ке дува доумерен северозападен ветар. Утринската температура од  9°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.

Во четврток претпладне ке биде претежно сончево со мала локална облачност, попладне умерено облачно со сончеви периоди и можност за повремени локални врнежи од дожд. Ке дува доумерен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 13°C односно до 22°C.

Во Македонија во петок ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува доумерен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува доумерен засилен југозападен ветар. Утринските температури од 3°C до 12°C, а максималните дневни температури ке се движат од 11°C до 20°C.



Од сабота и недела промена на временската состојба, па ке преовладува претежно сончево и потопло време.