Видео:Најмалку 17 загинати при невреме во Аргентина
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 10 април 2012
Најмалку 17 лица загинаа во невреме проследено со силен ветер и дожд, што го погоди реонот на аргентинскиот главен град Буенос Аирес.



Најмалку 17 лица го загубија животот. Јас не сум метеоролог, но не сум ни слеп. Тоа што се случи беше торнадо, изјави денеска аргентинскиот министер за планирање Хулио де Видо.

Невремето, кое според локалните медиуми било најсилно во Аргентина во последните сто години, предизвика штети на повеќе станбени куќи и деловни објекти и урна илјадници стебла, електрични столбови, ѕидови и билборди.

Поради невремето, пропратено со ветер со брзина од 90 до 130 километри на час, без струја останаа околу 30.000 домаќинства.