Видео:Силно невреме го зафати Истанбул
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 18 април 2012
Бурен ветер, што на моменти достигнува брзина од 120 километри на час, од пладне беснее во регионот на Истанбул, соопштува Си Ен Ен-Турк.

Истовремено пожар избувна на чамец, во кој се наоѓаа 10 лица. Брод за гасење на пожари на крајбрежната стража е испратен во реонот на инцидентот, а борбата со огнот и натаму трае.



Во истанбулскиот кварт Харбије врз полициска станица се урна скеле. Повредени се две лица, кои биле во такси, врз кое паднале делчиња од скелето.

Силниот ветар во воздух крена многу маси и столчиња на плоштадот Таксим.

Според метеоролошката служба, се очекува бурата во Истанбул да продолжи до утре на пладне. Метеоролозите предупредуваат дека бурен ветар со брзина од 80 до 100 километри на час ќе дува во средоземноморскиот, егејскиот регион, во западниот и централниот дел на црноморскиот регион на Турција и во мраморноморскиот регион.