Дали сме сведоци на глобално затоплување или на почеток на ново ледено доба
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 9 април 2012
Научниците се единствени кога станува збор толкување на феноменот на климатските промени. Неоспорно е дека тие постојат откако постои и Земјата, но како човековата активност во последните педесетина години почна се поинтензивно да влијае на климата, така и научниците ги поделија своите ставови. Еден дел сметаат дека тоа е резултат на ефектот на стаклена градина, другите тврдат дека тоа е дел од “добрата стара природа”.



Се чини дека постојат сите причини за загриженост. Речиси и да нема дел на нашата планета кој не би можел да сведочи за, во најмала рака невообичено време. Се менуваат неочекувани поплави и суши, снегови и високи температури, торнада и цунами. Научниците веќе со години предупредуваат – поради преголемите количества на стакленички гасови ние сме се поизложени на глобалното затоплување, а тоа значи и егзистенцијално се повеќе загрозени поради  исчезнувањето на плодната обработлива површина и  менувањето на условите на живот на кои сме навикнале.

Во последно време научниците се се повеќе поделени околу толкувањето на причините поради кои ке се најдеме под влијание на екстремните временски услови. И додека едните инсистираат на тезата за глобалното затоплување, другиот дел на научници се се погласни во предупредувањата дека ни се заканува ледено доба.