Со кампањата „Македонија без отпад 2012“, се вклучуваме во светската акција за чистење на отпадот.
Целта на кампањата што ја иницираат пратеничката Лилјана Поповска и асоцијацијата „Ајде Македонија“, е анимирање на сите расположиви национални ресурси во сеопфатна акција за чистење на отпадот во околината, како и развивање на свеста за правилно постапување со него.

Македонија има вкупно 54 општински депонии на кои завршуваат околу 70 отсто од отпадот, 490.000 тони годишно, а останатите 30 проценти или 210.000 тони се отстрануваат на бројни локации во близина на населените места што не добиваат организирана услуга за собирање на отпадот, главно покрај патишта, реки и на излетнички места во природата. Ова јасно укажува на потребата од ваква широка акција, изјави денеска на прес конференција заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.
Кампањата поддржана од РЕЦ, амбасадите на Холандија, Словенија и Шведска, ќе се спроведува цела година и вклучува комбинација на неколку активности, акции за идентификување на дивите депонии, акции за нивно чистење, едукативни активности со посебни образовни програми во насока на развивање и подигање на свеста кај граѓаните, постапување со разни видови отпад.
Една од централните активности е организација на национален ден за чистење кој ќе се одржи во октомври на територијата на целта држава. На тоа ќе му претходи пилот-акција во пет општини, која ќе се одржи на 21 април во Кисела Вода, Сарај, Дојран и Струга и на 22-ри април во Липково, ифнормира Темелковски.
Во овој проект ќе бидат ангажирани сите релевантни институции како: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за одбрана, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство заедно со ЈП Македонски шуми, Министерството за локална самоуправа, општините и Јавните комунални претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување.
Претседателот на Асоцијацијата „Ајде Македонија“ Антонио Јовановски ги повика сите граѓани да излезат на деновите на чистење, 21-ви април и на националниот ден на чистење, 6-ти октомври.
Оваа година, освен во Република Македонија, акцијата за чистење на отпадот поддржана од Европскиот парламент со 406 потписи, ќе се спроведе во преку 85 држави во светот.
Извор - сител