Силната експлозија и светлината која се видела на небото над американскиот западен брег во неделата наутро предизвикала паника меѓу населението. Жртви немало, а не е причинета ниту материјална штета.

Сеуште не е познато што ја предизвикало експлозијата која се видела во поголемиот дел на Калифорнија и Невада. Се претпоставува дека е предизвикана од метеор кој влегол во атмосферата на земјата. „Прозорците се тресеа и веднаш проверив дали станува збор за земјотрес, но не беше“ рекла Никол Карлсен од Невада.
Гласната експлозија околу осум часот наутро ја слушнала и Ерин Жирар од Калифорнија. Таа рекла дека звучело како нешто да експлодирало во дворот на нејзиниата куќа. Некои луѓе јавиле дека во тој момент виделе молња на небото.
Според нивните изјави се проценува дека светлината се протегала на скоро илјада километри на просторот помеѓу Калифорнија и Невада. Астрономите оценуваат дека мистериозната светлост всушност е метеор кој влегол во атмосферата на земјата.