НАСА сними слон на Марс
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 19 април 2012
Вселенскиот орбитер Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), на американската вселенска агенција НАСА, направил фотографија од теренот на црвената планета која наликува на глава од слон



Ова е добар пример за феноменот наречен пареидолија, што всушност означува гледање на работите кои вистински не се таму, изјави планетарниот геолог од Универзитетот во Аризона, Алфред Мекеван.

Тој посочи дека на фотографијата се гледа исушена лава во подрачјето Рајски басен (Elysium Planitia), најмладиот регион на Марс преплавен со лава.

MRO на Земјата има испратено повеќе од 22.000 фотографии од површината на црвената планета во текот на изминатите шест години. Орбитерот кој кружи околу Марс од 2006-та година пратил повеќе податоци на Земјата од кои било други интерпланетарни мисии заедно.

Пареидолија е психолошки феномен поврзан со нејасен и случаен стимул, најчесто слика или звук, кој се доживува како значаен. Вообичаени примери се гледање на слики на животни и лица во разни објекти.