Најмалку 26 луѓе ги загубија животите од удар на громови за време на бури во Индија, објавија локалните медиуми.

Шеснаесет луѓе загинаа вчера во четири области во државата Андра Прадеш. Жртвите се фармери или бездомници кои биле на отворено.
Десет луѓе загинаа и голем број се повредени откако гром удри во храм во државата Западен Бенгал. Луѓето се засолниле во храмот за време на бура. Сериозна е здравствената состојба на дел од повредените.