Научниците утврдиле дека најголемото количество вода се наоѓа на северот на континентот. Тие се надеваат дека новото откритие ќе им ги „отвори очите“ на жителите на Африка и ќе им укаже на новите потенцијали, кои би можеле да спасат милиони животи.

Британски научници дошле до откритие што прилично ќе им ги олесни и ќе им ги спаси животите на над 300 милиони жители на најсувиот светски континент. Тие со истражување откриле дека под површински најсушните делови од Африка се наоѓаат огромни залихи вода за пиење, дури 100 пати поголеми од тие на површината, јавува Би-би-си.
Тимот научници изработиле досега најдетална карта на наоѓалиштата на вода за пиење, која ја објавиле во списанието „Енвајронментал рисерч летерс“ (Environmental Research Letters). Во цела Африка повеќе од 300 милиони луѓе немаат пристап до вода за пиење, и токму тој недостиг е главниот проблем во Африка, поради што умираат илјадници луѓе.
Достапноста на водата за пиење на површината главно зависи од сезонските поплави и сушите, кои значително влијаат врз земјоделството. Африка во моментов има сè на сè 5 отсто обработлива површина. И тој проблем би можел да се реши со искористување на подземните залихи вода.

Извор - МКД