По студеното утро, претежно сончево и потопло
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 9 април 2012
Во Македонија во вторник по студеното утро во текот на денот ке биде претежно сончево со мала локална облачност и потопло. Ке дува доумерен северозападен и североисточен ветар, кој постепено ке слабее и во вечерните часови ке го промени правецот во југоисточен и југозападен. Утринските температури од -3°C до 5°C, а максималните дневни ке се движат од 9°C до 18°C.



Во Скопје во вторник ке биде претежно сончево со мала локална облачност и потопло. Ке дува доумерен северозападен ветар, кој во вечерните часови ке премине во југоисточен. Утринската температура 2°C, а максималната дневна ке достигне до 15°C.

Во среда ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне потоплоно наоблачување. Ке дува доумерен југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од -1°C до 7°C, а максималните дневни ке се движат од 12°C до 21°C.

Во четврток ке биде умерено облачно и нестабилно со можност за локални врнежи од дожд.Ке дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 10°C, односно до 19 степени.