Силен земјотрес во Тонга, нема опасност од цунами
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 28 април 2012
Силен земјотерес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди островската држава Тонга во јужниот дел на Тихи Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Се уште нема информации за евентуалните жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот е регистриран на 78 километри оддалеченост од вториот по големина град во Тонга, Нејаф, на длабочина од 130 килоемтри.

По земјотресот не е објавено предупредување од појава на цунами.

Тонга се наоѓа во така наречениот Огнен појас на Пацификот, каде се регистрирани дури 90 проценти од сите земјотреси во светот. Во поранешната британска колонија живеат околу 100.000 жители.