Во последните 40 години драстично е зголемен бројот на млади девојки кои заболуваат од меланом, заклучок на последните американски истражувања.
Истражувачите од клиниката Mayo
утврдиле дека појавата на меланом од 1970 до 2009 година се зголемила за осум
пати кај младите девојки и четири пати кај момчињата. И дерматолозите потврдуваат дека резултатите од истражувањата
ја прижауваат ситуацијата со кои тие секојдневно се среќаваат во своите
ординации.
Научниците нагласуваат дека сепак главни виновници за зголемениот број на заболени од меланом е користењето на солариум,.
Секоја изложеност на УВ –зрачење, без разлика на нивниот извор, дали станува збор за придоден (сонце), или вештачки (солариум) предизвикува одредени, негативни промени на кожата. На која возраст и во каква форма тие ке се појават, зависи од изложеноста на УВ зрачењето односно од времето поминато на сонце или во солариум. Со оглед на тоа што живееме во земја со многу сончеви денови, а имаме навика годишните одмори да ги поминуваме на море, ние како нација сме премногу изложени на сонце. Ако и се додаде дополнителното изложивање во солариуми, тоа го зголемува ризикот од рак на кожата, меланом , а не е неважно дали нашата кожа веќе на 30-ина години изгледа постара. И едно изложување во солариум е премногу.