Во Чешка последните два дена беше невообичаено топло и во неколку градови живата на термометарот се искачи над 30 степени регистрирајќи топлотни рекорди стари два века.

Во чешката метропола во саботата беа измерени 27,7 степени Целзиусови што е температура која во овој период не е забележана во последните 212 години.
Во целата земја најтопло беше во западниот дел, во градот Плзењ каде се измерени 31 степени Целзиусови и каде досегашниот рекорд беше 26,6 степени и тоа во 2007 година.
Наспроти топлотните рекорди, на некои места во Чешка се уште е во тек скијачката сезона. На планинскиот венец Крконош има околу 138 сантиметри снег и во сила е втор степен на опасност од лавина.
Според метеоролозите топлото време ќе се задржи до крајот на неделата. Месецот мај ќе донесе дожд и мало заладување со температури до 25 степени.